Top Sport

Реал го заврши најскапиот трансфер во клупската историја

РБ Лајпциг ја доби сакната сума за Јан Диоманде. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе стане најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид. „Атлетик“, објави дека сите детали околу трансферот се договорени, се чека само тој да биде официјализиран.

Според овој извор, но и според новинарот на „Скај Спорт“, Патрик Бергер, трансферот треба да вреди помеѓу 130 и 140 милиони евра.

Диоманде го привлече вниманието на најголемите европски клубови со своите импресивни настапи во сезоната 2025/26, во која постигна 13 гола и имаше 10 асистенции во 36 натпревари во сите натпреварувања за Лајпциг.

19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска се појави и на Светското првенство, каде што беше стартер во сите четири натпревари и запиша една асистенција.

Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал и Пари Сен Жермен беа заинтересирани за неговите услуги.

Иако Диоманде претходно наводно се залагал за трансфер во ПСЖ, францускиот шампион се откажа од преговорите бидејќи не беа подготвени да ги исполнат финансиските барања на Лајпциг, како и финансиските барања на фудбалерот.

Реал Мадрид така излезе во преден план во трката за талентираниот напаѓач, кој се смета за еден од најперспективните фудбалери на својата генерација благодарение на неговата исклучителна брзина, дриблинг и способност да игра на повеќе позиции во нападот.

„Кралскиот клуб“ бараше врвен напаѓач ова лето, особено откако стана јасно дека Франко Мастантуоно ќе оди на позајмица, најверојатно во Фиорентина, додека Брахим Дијаз се повеќе се поврзува со заминување од Мадрид.

Иако преговорите меѓу Реал и Лајпциг се во завршна фаза, претходно во текот на денот шпанска „Марка“ објави дека трансферот сè уште не е завршен поради правен спор меѓу сегашната агенција на Диоманде, „Рок Нејшн“, и поранешната агенција „Максидел Менаџмент“.

Доколку вкупниот трансфер изнесува помеѓу 130 и 140 милиони евра, Диоманде би станал најскапиот играч во историјата на Реал.

Најголемите трансфери на Реал, според податоците на „Трансфермаркт“:

Џуд Белингам – 127 милиони евра
Еден Азар – 120,8 милиони евра
Гарет Бејл – 101 милион евра
Кристијано Роналдо – 94 милиони евра
Орелиен Чуамени – 80 милиони евра

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');