Новак Ѓоковиќ во март 2016 година се најде на насловните страници на американските таблоиди не поради неговиот тенис, туку поради наводното неверство кое го направи со индиската холивудска актерка Дипика Падуконе, кога двајцата беа забележани во ист автомобил во Лос Анџелес во текот на Мастерсот во Индијан Велс.
Тогаш се тврдеше дека сопругата на српскиот тенисер Јелена била разочарана од однесувањето на Ѓоковиќ, но Падуконе сега тврди дека двајцата се само пријатели. Во интервју за „Индија тудеј“, таа ги повтори овие зборови и додаде дека било прекрасно да се дружиш со Ѓоковиќ.
„Секогаш е возбудливо да си со луѓе кои се шампиони и кои имаат огромен талент во тоа што го прават. Научив многу од неговото однесување. Бевме само пријатели, а во исто време се дружев и со други тенисери како Роџер Федерер и Рафаел Надал кога дојдоа во Индија во 2014 година. Јас сум жена која учи многу од спортистите и го користи тоа во својот живот“, вели Падуконе.
Таа инаку е ќерка на поранешниот најдобар светски играч во бадминтон, Пракаш Падуконе.