Еден од играчите кои привлекоа големо внимание за време на Светското првенство, но и човекот чиј трансфер доведе до „кавга“ меѓу Фабрицио Романо и Флоријан Платенберг официјално има нов клуб.
Јан Диоманде официјално потпиша договор со Реал Мадрид.
19-годишникот одигра 36 натпревари за Лајпциг, постигнувајќи 13 гола и десет асистенции.
На Светското првенство, тој блескаше во дресот на Брегот на Слоновата Коска и уште тогаш започнаа шпекулациите. Речиси и да немаше голем клуб кој не беше споменат, но во последните десет дена беше јасно дека тоа ќе биде Реал Мадрид.
Сега оваа сага е завршена и Диоманде може да му се придружи на Реал, кој плати 125 милиони евра, а со реално остварливи бонуси, овој трансфер ќе вреди десет милиони повеќе, а ако се вклучат и оние што е малку веројатно дека некогаш ќе бидат исполнети зделката може да достигне вредност од 140 милиони евра.
Диоманде го потпиша договорот до 2031 година.
Foto/EPA
