Top Sport

Зошто Родри ја избра Барселона пред Реал Мадрид?

Родри (30) треба да ја продолжи кариерата во Барселона, а не во Реал Мадрид, како што се предвидуваше долго време. Шпанскиот репрезентативец официјално ја соопшти својата одлука на раководството на мадридскиот клуб, кое неодамна му презентираше богата финансиска понуда.

„Иако Родри беше професионален во комуникацијата со Реал, тој никогаш не покажа јасна желба да дојде, поради што Мадрид не беше целосно изненаден од исходот, пишува „АС“.

Во Реал имаат јасен став дека играчот што доаѓа во клубот мора да биде целосно убеден во тој чекор, а кај Родри не почуствувале таква сигурност.

„Затоа ја разбираат и ја почитуваат неговата одлука. Тие пристапија кон целата ситуација без драма, иако се свесни дека неговите фудбалски квалитети, харизма и влијание како капитен на националниот тим беа исклучително интересни. Тренерот Жозе Мурињо беше запознаен со текот на настаните и верува дека во тимот веќе има решенија за таа позиција. За време на последниот разговор со претставниците на Реал, Родри ги објасни причините што пресудија во корист на Барселона. Тој ги наведе стилот на игра на каталонскиот клуб, наследството што го остави Пеп Гвардиола и блискиот однос со играчите на Барселона што го изгради низ годините преку репрезентативни собири како клучни фактори“, наведува „АС“.

Реал Мадрид го контактираше Манчестер Сити во два наврати, но тие разговори не се претворија во официјални преговори. Стануваше збор за прелиминарни консултации за да се провери ситуацијата во случај Родри да покаже цврста намера да дојде.

Конкретната сума на обештетување не беше дискутирана. Трансферот во Барселона ќе чини околу 60 милиони евра, а играчот треба да потпише четиригодишен договор со годишна бруто плата од речиси 30 милиони евра.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');