Преговорите меѓу Ливерпул и Пари Сен Жермен околу трансферот на Бредли Баркола не напреднаа далеку. Вдпечаток е дека тие нема да бидат успешни.
Ливерпул испрати понуда вредна 115 милиони евра, но Пари Сен Жермен бара 150 милион, без бонуси.
„Скај Спорт“, објави дека двата клуба имале прелиминарни разговори за трансферот на Бредли Баркола, но дека разликата во износот на пари што Ливерпул е подготвен да го понуди и оној што го бара Пари Сен Жермен е огромна.
Според овој извор, Ливерпул имал почетни разговори со менаџерите на Баркола и дека нема многу проблеми, дека личните услови се договорени.
Баркола има договор со Парижаните уште две години, а веќе некое време се шпекулира дека нема намера да го продолжи договорот бидејќи не е задоволен од минутажата што ја добива.
Foto/ Depositphotos
