Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв е најсериозна опција.
Според информациите на „Газета дело спорт“, турскиот клуб доставил конкретна понуда до српскиот напаѓач, која вклучува четиригодишна соработка со годишна плата од околу 10.000.000 евра нето. Во предлогот за договор, има и бонус од дополнителни 10.000.000 евра за потпис на договорот, што ја носи вкупната сума на вкупно 50.000.000 евра.
Бешикташ претходно го контактирал таткото на Влаховиќ, Милош, и преговорите треба да продолжат во наредниот период во врска со бонусите што би зависеле од индивидуалните перформанси на фудбалерите, како и од резултатите на тимот.
Влаховиќ ја заврши соработката со Јувентус ова лето и моментално е слободен играч, и иако имаше интерес од неколку клубови за време на преодниот рок, тој сè уште не добил конкретна понуда што би го однела во една од најсилните европски лиги.
Интер, Милан и Наполи претходно покажаа интерес за 26-годишниот напаѓач, додека Челзи и Манчестер Јунајтед исто така се споменуваа како потенцијални опции. Арсенал, кој во претходниот период сериозно ја разгледуваше можноста за негов ангажман, во меѓувреме се откажа од трката.
Италијанските медиуми објавуваат дека српскиот репрезентативец првично сакал да почека понуда од една од петте најсилни европски лиги, но отсуството на таков ангажман ја променило ситуацијата.
Дополнителен аргумент во корист на заминувањето во Истанбул претставува тренерот на Бешикташ, Винченцо Италијано, италијанскиот стручњак веќе соработуваше со Влаховиќ во Фиорентина и одигра значајна улога во неговиот развој пред неговиот трансфер во Јувентус.
Доколку ја прифати понудата на Бешикташ, српскиот напаѓач би играл надвор од Италија за прв пат во својата кариера.
Foto/ Depositphotos
