Top Sport

(Видео) „Делиите“ ги избркаа играчите на Црвена звезда во соблекувалната

Црвена звезда доживеа дебакл против Хапоел Бер Шева и остана без Лигата на шампионите. Навивачите тешко ја поднесоа елиминацијата.

По 0:1 во Унгарија, во Белград, израелскиот шампион славеше со 0:2 и го посрамоти српскиот тим пред домашната публика.

Прво, на крајот од првиот дел со свирежи ги испратија своите миленици во соблекувалната, потоа влегоа во клинч со тренерот Дејан Станковиќ, кога тој беше исклучен, а во финишот му порачаа на раководството на клубот дека е време да си заминат.

На крајот, се случи ситуација пред северната трибина, каде што играчите отидоа кај најверните навивачи. Еден навивач слезе на атлетската патека и им порача на засрамените фудбалери да се свртат и да си заминат, бидејќи не заслужуваат поздрав.

Следните неколку дена ќе бидат доста бурни на стадионот „Рајко Митиќ“.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');