Карим Бензема е на списокот на играчи на кои тренерот Симоне Инзаги повеќе не смета, тврдат медиумите од Саудиска Арабија.
Искусниот француски фудбалер дојде во Ал Хилал од Ал Итихад пред само шест месеци, каде што пристигна пред неколку години како голема фудбалска ѕвезда.
Ситуацијата очигледно се промени во меѓувреме, во Ал Хилал сакаат промени и во тие планови не го гледаат Бензема.
Ал Хилал сака да го обнови тимот по сезоната во која не успеа да освои трофеј, додека правилата за бројот на странски играчи дополнително го намалуваат просторот за нови засилувања, поради што Бензема стана проблем.
Клубот се обиде да му најде друг ангажман, но поранешниот играч на Реал Мадрид не сака да си оди.
Тој е задоволен од условите во Ал Хилал, со кого има уште една година од договорот, но клубот се обидува да се ослободи од него.
Foto/ Depositphotos
