Хари Мегваер од Манчестер Јунајтед се надева дека напаѓачот Маркус Рашфорд ќе остане на „Олд Трафорд“.
Крилниот напаѓач повторно е дел од Манчестер Јунајтед, откако претходната сезона и пол ја помина на позајмица, во Астон Вила и Барселона. Мораше да замине откако се скара со тогашниот менаџер на Јунајтед, Рубен Аморим.
Сега тренер е Мајкл Карик, кој се чини дека е подготвен да му даде шанса на еден од најталентираните изданоци на познатата академија на „Црвените ѓаволи“.
Минатата сезона, Рашфорд имаше дабл-дабл учинок од 14 голови и асистенции во сите натпреварувања за Барселона. Последен пат кога имаше такви бројки во дресот на Манчестер Јунајтед беше во сезоната 2022/23. кога постигна 30 гола и запиша 12 асистенции во сите натпреварувања.
Јунајтед претрпе пораз од 4:2 против новиот клуб на Аморим, Милан, во Вроцлав, тоа беше првиот натпревар на Рашфорд во дресот на Јунајтед од декември 2024 година.
Керик не можеше да каже минатата недела дали англискиот репрезентативец ќе остане во клубот, а Магваер не е сигурен каква ќе биде иднината на неговиот соиграч. Сепак, тој сака Рашфорд да остане на „Олд Трафорд“.
„Очигледно, преодниот рок е сè уште отворен. Ние играчите се надеваме дека ќе остане, бидејќи ако остане, тој е голем поттик за тимот. Тој сигурно може да нè направи подобар тим“, рече англискиот стопер и додаде:
„Видовте кога влезе, тој многу добро ја нападна последната линија на одбраната. Можеше да постигне гол. Тој е огромна закана. Играм со Маркус многу години и знам дека ќе ни користи и кога играме и кога тренираме заедно.“
Како тинејџер, Рашфорд доживеа афирмација во првиот тим на Јунајтед, за кој игра од 2016 година. За репрезентацијата на Англија одигра 78 натпревари и постигна 19 гола, додека за „Ѓаволите“ одигра 287 натпревари и постигна 87 гола.
Foto/ Depositphotos
