Зајон Сузуки експресно најде нов клуб, откако по вистинска драма му пропадна трансферот во редовите на европскиот првак, ПСЖ.
Астон Вила постигна договор со Парма за чуварот на мрежата на јапонската репрезентација.
„Трансфермаркт“ и италијански извори укажуваат на пакет од околу 35 милиони евра, а Сузуки треба да потпише долгорочен договор.
Неговото доаѓање дополнително ја отвора можноста за заминување на Емилијано Мартинез, за кого повторно е заинтересиран Јувентус.
Foto/ Depositphotos
