Top Sport

Црвена звезда ќе добие нов напаѓач чија вредност на „Трансфермаркт“ е 15 милиони евра

Црвена звезда, вчера, направи голем чекор кон пласман во главата фаза, во Лигата на Европа, а во текот на денот треба да добие големо засилување во нападот. На домашен тере, српскиот првак ја победи Викторија Плзењ со 3:0, во првиот плеј-оф натпревар.

Сенегалскиот напаѓач Бамба Дијенг ќе потпише договор со Црвена звезда, најверојатно до јуни 2028 година, со опција истиот да биде продолжен на уште една година.

Дијенг ги поминал лекарските прегледи, објави фудбалскиот инсајдер Џанлука ди Марцио.

Ова лето, Дијенг беше на прагот да се пресели во Лацио, со кого претходно постигна договор, но трансферот беше запрен во последен момент.

Проблем беа лекарските прегледи, при што беше откриена повреда на коленото. Тој е слободен играч од ова лето, бидејќи му истече договорот со Лориен.

Неговата пазарна вредност е дури 15.000.000 евра и нема сомнение дека ќе биде сериозна конкуренција за Марко Арнаутовиќ, и Џај Енем, додека Бруно Дуарте ќе го напушти клубот откако добил понуда од Бразил.

Сенегалецот има одлична сезона зад себе во Лориен, постигна 15 гола на 25 натпревари.

Тој беше дел од репрезентацијата на Сенегал на Светското првенство, но не настапи ниту еден натпревар.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');