Дисциплинската комисија на ФИФА изрече жестоки казни за инцидентите што се случија по завршувањето на финалниот меч на Светското првенство, меѓу Шпанија и Аргентина (1:0).
Најлошо помина Аргентинецот Леандро Паредес, кој беше суспендиран на дури 10 репрезентативни натпревари, додека неговиот соиграч Науел Молина доби забрана за играње на седум натпревари.
Паредес и Молина ќе мора да платат казна од по 77.000 евра за учество во инцидентите.
Тијаго Алмада исто така беше казнет, тој ќе пропушти еден натпревар и ќе плати околу 26.000 евра, додека членот на селекторскиот штаб на Аргентина, Роберто Ајала, беше суспендиран на три натпревари со идентична парична казна.
Санкциите не ги заобиколија ниту Шпанците. Поради учеството во инцидентите, Гави доби суспензија од еден натпревар и парична казна од околу 26.000 евра.
Вкупно 22 натпревари суспензии за сите актери…
🚨 Leandro Paredes has been hit with a huge 10-match FIFA ban following the chaos that erupted after Argentina’s World Cup final defeat to Spain.pic.twitter.com/fABFk9D5F7 https://t.co/bzijcbcewH
— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) August 21, 2026
Аргентинската фудбалска асоцијација беше исто така посебно казнета за неколку прекршувања на дисциплинските прописи на ФИФА, вклучувајќи недолично однесување на тимот, дискриминаторски скандирања и гестови од страна на навивачите, како и користење на спортски настан за демонстрации со неспортски карактер.
Аргентинската федерација ќе мора да плати вкупно околу 275.000 евра, од кои приближно 86.000 евра ќе треба да се инвестираат во програмата против дискриминација. Дополнителна казна од 86.000 евра е условна.
Аргентина ќе го игра следниот натпревар дома со само 50 проценти од капацитетот на стадионот. Истата казна беше изречена и за друг домашен натпревар, но нејзиното извршување беше условно одложено.
Една од причините за акцијата на ФИФА беа настаните по полуфиналната победа на Аргентина над Англија со 2:1, кога неколку репрезентативци на Аргентина кренаа транспарент со кој се нагласува суверенитетот на Аргентина над Фолкландските Острови.
Сите суспензии се однесуваат исклучиво на репрезентативни натпревари, што значи дека казнетите фудбалери ќе можат нормално да настапуваат за своите клубови.
Foto/ EPA
