Top Sport

(Видео) Шоу на Мален и Дибала – Рома ја декласира Фиорентина

Рома ја декласира Фирентина со 4:0 во првото коло, во Серија А. Натпреварот на „Олимпико“ го одбележаа тројниот стрелец Дониел Мален и тројниот асистент, Паоло Дибала.

Рома ја имаше иницијативата од самиот почеток и поведе во 27-та минута. Мален го следеше додавањето во шеснаесетникот и мирно ја испрати топката во долниот десен агол за 1:0.

Домашниот тим можеше да поведе порано. Во 20-та минута, Родриго Мора помина покрај неколку играчи и шутираше силно од работ на шеснаесетникот, но Давид де Хеа одбрани.

Во 21-та минута, Рома ја погоди мрежата преку Марио Хермосо, но голот беше поништен поради офсајд.

Следеше целосна доминација на Рома. Веќе во 52-та минута, Мулен повторно беше на вистинското место, прифати одлично додавање во шеснаесетникот и го постигна својот втор гол во натпреварот со силен удар под пречката.

Само осум минути подоцна, Мулен го комплетираше хет-трикот.

Пауло Дибала одлично го проигра Холанѓанецот, кој мирно ја заврши акцијата од блиску и ѝ донесе на Рома огромни 3:0.

Конечните 4:0 ги постигна Николо Писили во 86-та минута, кога најдобро реагираше на одбиена топка во шеснаесетникот и ја собори ниско во левата статива.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');