Поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари го нападна Хулијан Алварез за начинот на кој се обидува да го напушти Атлетико Мадрид. Аргентинецот јасно ја изрази својата желба да оди во Барселона ова лето, но Атлетико одби да го пушти, а целата ситуација стана уште покомплицирана откако навивачите го исвиркаа на натпреварот против Виљареал.
„Тој и неговите менаџери се идиоти. Како можете да кажете „Сакам да го напуштам клубот“? Дали е глупав или што?“, рече Дугари во емисијата на „RMC“.
Французинот смета дека Алварез погрешил што јавно ја објавил својата намера да замине поради што ги нарушил односите со клубот и навивачите.
Дугари го спореди овој случај со претходното заминување на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. Тој верува дека Алварез требало да се справи со ситуацијата многу подискретно и му порача да остане скромен.
„Најдобриот начин е да молчиш, да бидеш скромен и да зборуваш паметно. Виде ли што се случи со Гризман? Зарем не знаеш како треба да се однесуваш со навивачите?“
Алварез моментално е во незгодна ситуација. Тој сака трансфер во Барселона, што го смета за свој сон, но Атлетико не сака да го продаде еден од своите најважни играчи на директен конкурент.
Поради целата ситуација, клубот веќе ја пријави Барселона поради начинот на кој се обидоа да го контактираат играчот, додека навивачите на „Метрополитано“ го поздравија Аргентинецот со свирежи.
Можен излез од ситуацијата сè уште постои ако некој ги исполни финансиските барања на Атлетико, но засега клубот инсистира дека Алварез ќе остане. Аргентинецот има договор до 2030 година и откупна клаузула од 500 милиони евра.
Алварез пристигна во Атлетико во летото 2024 година од Манчестер Сити за околу 75 милиони евра и многу брзо стана една од клучните фигури во тимот на Диего Симеоне.
Во својата прва сезона во Мадрид, тој одигра 57 натпревари во сите натпреварувања, постигна 29 гола и додаде девет асистенции, а беше особено важен во Лигата на шампионите каде што постигна седум гола. Во сезоната 2025/2026. Тој продолжи да биде меѓу најдобрите стрелци на тимот, со 20 гола и девет асистенции во 49 настапи.
Дагари е поранешен француски репрезентативец, светски шампион во 1998 година и поранешен играч на Барселона, а денес работи како телевизиски аналитичар. Во текот на својата кариера, тој играше за Бордо, Милан, Барселона, Марсеј и Бирмингем Сити, а со Франција го освои Светското првенство во 1998 година и Европското првенство во 2000 година.
Foto/ Depositphotos
