Top Sport

Тотенхем го официјализира трансферот на Мармуш

Фудбалскиот клуб Тотенхем и официјално го потврди она за што се шпекулираше со денови, Омар Мармуш е нивното ново засилување.

Станува збор за уште еден играч кој не ги исполни очекувањата во Манчестер Сити, поради што решија да го пуштат и тоа за сериозни пари. Мармуш дојде во Тотенхем на бесплатна позајмица, со обврска да го откупи договорот на крајот од сезоната за 50 милиони фунти плус 10.000.000 фунти во бонуси.

Ако додадеме дека трансферот на Савио беше во основа 75.000.000 фунти (87.440.000 евра) и дека половина од неговите бонуси од 10.000.000 фунти се лесно остварливи, станува јасно дека Спарс ќе уплатат околу 155.000.000 евра во касата на „Граѓаните“ во следната година.

Без втората половина од бонусот за двајцата, кој изнесува над 10.000.000 евра.

Треба да се нагласи дека двајцата беа резерви во тимот на Сити, што значи дека „граѓаните“ завршија сериозна работа.

Foto/ tottenham fc

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');