Top Sport

Рафа Леао се сели во Галатасарај

Турскиот шампион Галатасарај постигна договор со Милан за трансфер на португалскиот репрезентативец Рафаел Леао, кој ќе ја продолжи кариерата во Истанбул.

Милан ќе добие 43 милиони евра обештетување од продажбата на 27-годишниот крилен напаѓач, додека дополнителни два милиони се обезбедени преку бонуси.

Италијанскиот клуб ќе задржи 20 проценти од следната продажба на португалскиот интернационалец.

Леао со тоа ќе го напушти Милан по седум сезони, две години пред истекот на договорот. Португалецот пристигна на „Сан Сиро“ во 2019 година од Лил, а својот најголем белег го остави во сезоната 2021/2022, кога го освои италијанското првенство со Милан и беше прогласен за најдобар играч во Серија А.

Според последниот договор во Милан, Леао заработуваше шест милиони евра по сезона, со бонуси, додека Астон Вила беше подготвена да му понуди годишна плата од 7,5 милиони евра.

Галатасарај, сепак, им понуди на Португалците 10 милиони евра фиксна по сезона, со можност за дополнителна заработка преку бонуси.

Португалецот ќе претставува уште едно големо засилување за турскиот шампион, кој веќе потпиша со неколку големи имиња ова лето.

Галатасарај ќе има исклучително силен напаѓачки потенцијал следната сезона, бидејќи Леао треба да им се придружи на Виктор Осимен и Лирој Сане.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');