Top Sport

Мората ќе игра во Втората шпанска лига

Алваро Мората на залезот на кариерата реши да се врати во татковината. Напаѓачот направи изненадувачки трансфер во Леганес.

Искусниот напаѓач ќе игра во Сегунда за тимот на Леганес следната сезона, како позајмен играч од Кома. Клубот, кој минатата сезона беше 16-ти во втората шпанска лига, има опција да го откупи договорот на 34-годишниот фудбалер.

На врвот на својата кариера, Мората играше за Реал, Челзи, Јувентус, Атлетико Мадрид, двапати ја освои Лигата на шампионите, стана европски шампион во 2024 година со шпанската репрезентација.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');