Кенан Јилдиз (22), левото крило на Јувентус, ќе биде надвор од терените приближно три месеци поради повреда на левото стапало што ја заработи на натпреварот против Фрозиноне.
„Десетката“ на Јувентус ќе биде опериран на почетокот на следната недела, а целта е да се врати во тимот по репрезентативната пауза во ноември. Ова значи дека ќе пропушти неколку големи дербија во Серија А и првите четири кола од Лигата на Европа, пишува „Скај Спортс“.
Јилдиз е првата ѕвезда на Јувентус, а „Трансфермакт“ ја проценува неговата вредност на 75 милиони евра. За помалку од три години во Јуве, тој одигра 132 натпревари со учинок од 27 гола и 21 асистенција. Одигра 31 натпревар за турската репрезентација.
Foto/ Depositphotos
