Top Sport

Брентфорд плати 41 милиони евра за лев бек

Сенегалскиот лев бек Ел Хаџи Малик Диуф (21) е нов играч на Брентфорд, објави клубот од Лондон.

Диуф потпиша петгодишен договор со Брентфорд, а во клубот доаѓа од Вест Хем за дури 41 милион евра, со потенцијален бонус од шест милиони евра, објави „Скај Спортс“.

Овој дефанзивец одигра 34 натпревари за Вест Хем минатата сезона, забележа пет асистенции во сезоната во која „чеканите“ испаднаа во Чемпионшип. Диуф е стандарден репрезентативец на својата земја и имаше три настапи на Светското првенство оваа година.

„Навистина сум среќен што сум тука, во овој клуб. Подготвен сум да го дадам својот максимум. Разговарав со тренерот и тој ми даде добар план за мојот понатамошен развој, па мислам дека ова е вистинското место за мене. Тие препознаа квалитети во мене што можеби самиот не ги видов. Се радувам на продолжувањето на мојот напредок“, рече Диуф.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');