Новата сезона во Бундеслигата започна, започна синоќа со победата на Баерн над Штутгарт (5:1), а попладнево се случи најголемото изненадување. Дебитантот во Бундес лигата Елферсберг успеа да го победи Баер Леверкузен со 3:2.
Бугаринот Лукас Петков, ќе остане запишан во историјата на клубот, како стрелец на првиот гол во Бундес лигата. Тој му донесе водство на Елферсберг во осмата минута, а само минута подоцна погоди и Кемпбел. Нов шок за „фармацевтите“ следеше веднаш на почетокот на второто полувреме, кога Моква Нтусу го зголеми резултатот на 3:0.
Леверкузен се разбуди во последните 15 минути. Патрик Шик го намали дефицитот во 77-та минута, додека Кофане ги постави конечните 3:2 во првата минута од судиското продолжение. Гостите, сепак, немаа време за целосен камбек.
Резултати:
Келн – Хофенхајм 3:2 (0:1)
(Ел Мала 51, Далинга 72, 82 – Дагим 27, Кабар 67)
Елферсберг – Баер Л. 3:1 (3:0)
(Петков 8, Кембел 9, Моква Нтусу 46 – Шик 77, Кофане 91)
Мајнц – Падерборн 0:0
Лајпциг – Борусија М. 3:0 (1:0)
(Баку 25, Нуса 49, Рејц 66)
Унион Б. – Ајнтрахт Ф. 3:3 (1:2)
(Лате Лате 3, Кверфелд 79, Скарке 90+2 – Ебнуталиб 10, 11, 67)
Foto/ EPA
