Top Sport

Ливерпул плати 35 милиони евра за „новиот Куртоа“

Ливерпул и Генк го договоријја трансферот на 18-годишниот голман Лука Бругманс.

Според достапните информации, трансферот треба да вреди вкупно 35 милиони евра, додека планот е младиот голман да пристигне на „Енфилд“ во летото 2027 година.

Ливерпул ги закажа медицинските прегледи, што претставува следен чекор во реализацијата на трансферот.

Бругманс се смета за еден од поперспективните млади голмани и наследник на сонародникот Тибо Куртоа, а Ливерпул очигледно одлучи да дејствува на време и да го обезбеди неговото доаѓање.

Англискиот клуб на тој начин ќе издвои дури 35 милиони евра за тинејџерот, што претставува значајна инвестиција во иднината на тимот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');