Top Sport

(Видео) Гвардиола урла на Рејндерс: Сакаш уште една сезона, како последната во тој проклет Милан?

Новиот документарен филм „Прекрасна опсесија“ открива досега невидени сцени од последните месеци на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Еден од најимпресивните моменти го прикажува тренерот како вербално го напаѓа својот играч, холандскиот репрезентативец Тижани Рејндерс, на полувремето пред целиот тим.

Видеото е снимено минатата сезона, која беше десетта и последна на Гвардиола на чело на Сити. Во соблекувалната, тогашниот тренер им става до знаење на играчите дека не сака повторување на разочарувачките резултати од претходната сезона.

„Главното прашање за сите играчи на Сити кои беа тука минатата сезона е: дали сакате уште една таква сезона? Дали сакате да се потпрете на она што го покажавме тогаш?“, започна Гвардиола.

Потоа директно му се обрати на Рејндерс, кој пристигна во клубот од Милано во летото 2025 година.

„Сакаш уште една сезона, како последната во тој проклет Милан, кога не се квалификувавте за Европа? Дали го сакаш тоа? Дали сакаш повторно да поминеш низ истото?“, го праша Гвардиола остро и додаде: „Размисли добро ако сакатш да се повтори минатата сезона.“

Тој го заврши својот говор со порака до целиот тим. „Ако не го сакате тоа, ќе мора да направите нешто во врска со тоа. Инаку, нема да победите, пријатели мои“, рече тој.

Тоа не беше единствениот забележан инцидент помеѓу Гвардиола и Рејндерс минатата сезона. По победата на Сити од 2-1 над Саутемптон во ФА Купот во април, Гвардиола му пристапи на Холанѓанецот веднаш откако беше заменет и го прегрна силно.

Кога новинар на „Скај Спортс“ го праша за содржината на разговорот, Рејндерс беше краток. „Останува меѓу нас“, изјави тој.

Сепак, Гвардиола подоцна разјасни за Би-Би-Си што му кажал. „Му реков дека би сакал да го убијам затоа што играше толку добро. Тижани не играше многу во последно време, но денес беше одличен.“

Во меѓувреме, двајцата го напуштија Манчестер Сити. Гвардиола се збогува со клубот на крајот од минатата сезона, по десет години и 20 освоени трофеи. На 19 август оваа година, Рејндерс беше продаден на Ал-Кадсија за, според медиумските извештаи, 61 милион евра.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');