Top Sport

Клубовите од Премиер лигата поторшија четири милијарди евра

Ова лето, Премиер лигата направи нешто што никој друг досега не го направил, 20 клуба потрошија рекордни четири и пол милијарди евра во летниот преоден рок, што е нешто помалку од 50 проценти од вкупниот биланс на преодниот рок на планетата.

4.077.400.000 евра беа потрошени за 305 дојдовни трансфери (3,6 во претходното рекордно лето), а 2.505.014.700 евра беа заработени за 277 заминувања (податоци од Tрансфермаркт).

Новиот тренд е дека поголемиот дел од бизнисот беше извршен во рамките на Премиер лигата, 60 проценти од парите останаа на Островот.

Од Топ 10 трансфери ова лето, девет се од Премиер лигата, само Реал Мадрид се протна на петтото место, носејќи го Јан Диоманде за 125 милиони евра.

Најскапиот трансфер беше реализиран синоќа, кога Челзи го продаде Енцо Фернандез на Манчестер Сити за 145 милиони евра. Сити има тројца играчи во Топ 10, трет на листата е Елиот Андерсон (Нотингем Форест) со 135 милиони, а осми на листата е Ајуб Буади (Лил) со 95 милиони евра.

За реконструкција на редот на врска „Граѓаните“ потрошија 365 милиони евра.

Манчестер Сити потроши најмногу за трансфери ова лето, дури 526,20 милиони евра. Следуваат Челзи (406,70 милиони), Тотенхем (366,35), Њукасл (313,80), Астон Вила (300,20), Ливерпул (264,60), Арсенал (227,10), Ипсвич (220,65), Брајтон (185,50), Хал (175,65), Манчестер Јунајтед (173,20), Ковентри (148,55), Нотингем Форест (138,20), Брентфорд (124,3), Евертон (104,25), Фулам (102,40), Лидс (97,70), Борнмут (80,80), Сандерленд (76,75) и на крај Кристал Палас (65,30).
Челзи продаде точно 20 фудбалери и инкасира 447,50 милиони евра, па на крајот повлече линија и направи профит од 40,10 милиони евра.

Најголем профит оствари Астон Вила, 60,05 милиони евра, на заработените 360,25 милиони евра. Манчестер Сити го распродаде тимот на Гвардиола за 337,02 милиони евра, а на трансфери потроши 526 милиони, што значи дека клубот е во минус од 189 милиони.

Само шест клуба го завршија преодниот рок во позитива, со претходно споменатите Челзи и Астон Вила, Брајтон (+26,65), Кристал Палас (+58,15), Евертон (+24,70) и Нотингем Форест (+22,50).

Ливерпул (233,43), Тотенхем (202,10), Ипсвич (201,29) имаа дефицити од над 200 милиони евра, Манчестер Сити (189,18) беше малку под таа сума…

Foto/ Manchester City

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');