Top Sport

Сензација во Монца, Гасли ја освои пол позицијата

Возачот на Алпина, Пјер Гасли, ја шокира конкуренцијата во Монца, успеа да ја освои пол позицијата. Францускиот возач го постави најдоброто време 1:21.786, во последниот круг.

На местото каде ја има забележано единственатата победа во кариерата, Пјер Гасли успеа да ја освои пол позицијата.

Гасли во целиот тек на квалификациите делуваше конкурентно, а го надмина Џорџ Расел од Мерцедес за само 60 илјадити делови од секундата. Трет квалификациите ги заврши Оскар Пјастри, кој беше 0,180 секунди зад Гасли, но извесно е дека возачот на Мекларен ќе биде казнет, а од таа казна ќе профитираат возачите на Ферари.

Вториот стартен ред ќе го комплетира Шарл Леклер, додека неговиот колега од Ферари, Луис Хамилтон, ги заврши квалификациите на петтата позиција. Макс Ферстапен ќе стартува до Хамилтон од третиот ред.

Водечкиот во генералниот пласман, Кими Антонели, беше седми, но поради промена на компонентите на погонската единица и казната, тој утрешната трка ќе ја започне од последната позиција.

Франко Колапинто, Ландо Норис и Лиам Лосон ги комплетираа најдобрите десет во квалификациите.

Траката за Големата награда на Италија, во Монца, утре ќе започне во 15 часот.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');