Top Sport

Фиорентина го отпушти Фабио Гросо

Фиорентина, по само три одиграни натпревари во сезоната 2026/27, одлучи да го отпушти тренерот Фабио Гросо.

Само еден постигнат гол и девет примени. Пораз од Рома со 0:4 и Фрозиноне со 0:3. Се чинеше подобро против Торино, тимот конечно постигна гол, но го загуби натпреварот по пресврт и на крајот беше 1:2.

Сума сумарум, ова е најлошиот старт во 90 години на тимот од Фиренца. Логично беше цехот да го плати тренерот. Иако дојде во клубот на време, пред почетокот на преодниот рок, очигледно е дека Гросо не успеа да ја наметне својата филозофија.

Управата потроши многу пари за засилувања и реконструкција на тимот. Сопствениците беа нетрпеливи и затоа експресно му врачија отказ пред да биде предоцна.

Фабио Гросо го водеше Сасуоло пред Виола и со значителен успех. Тој кратко време беше тренер на Лион, а работеше и во Фрозиноне, Сион, Бреша, Верона и Бари, каде што ја започна својата тренерска кариера во 2017 година.

Италијанските медиуми шпекулираат со името на новиот тренер. Голем број од нив се сигурни дека во Фиренца ќе се врати, Паоло Ваноли, кој си замина по завршувањето на минатата сезона откако успеа да избори опстанок.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');