Top Sport

Миовски сам ќе си ја менаџира кариерата

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски и покрај сите шпекулации, остана во Глазгов Ренџерс.

Го селеа Миовски, на позајмица во Феенорд, потоа и во Самсунспор, на крајот тој остана во Глазгов. Прашање е каков ќе биде неговиот статус, бидејќи од почетокот на сезоната тој одигра само 10 минути во синиот дрес.

Во меѓувреме, Миовски, објави дека се разделил со менаџерите, посочувајќи дека во иднина самиот ќе се грижи са својата кариера.

„Сакам да потврдам дека во моментов не сум претставуван од ниту еден менаџер или менаџерска агенција. Во следниот период лично самиот ќе ги менаџирам сите активности поврзани со мојата професионална кариера и иднина. Било какви барања околу мојата кариера треба да бидат упатени лично до мене“.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');