Фудбалерите на Фенербахче и Рома ремизираа 1:1 во Истанбул, во рамките на првото коло од Лигата на шампионите, а истиот резултат беше и на натпреварот помеѓу ПСВ и Шахтјор.
Рома, која брилијантно ја отвори сезоната и буквално ги „меле“ ривалите во домашното првенство, имаше исклучително тежок тест на гостински терен во Турција против многу мотивираниот Фенербахче.
Гостите поведоа во 39-та минута. Брајан Кристанте со фантастичен удар го отвори резултатот, по одличната асистенција од Дониел Мален.
Фенербахче заслужено израмни веднаш на почетокот од второто полувреме.
Во 48-та минута, Мејсон Гринвуд одлично соработуваше со Арчи Браун, кој со прецизен удар израмни резултатот. Шанса за целосен пресврт пропушти Муричи, со брилијантна интервенција се истакна голманот Свилар.
Фенер лесно можеше да постигне гол во 73-та минута, но Свилар повторно ја спаси Рома со одлична интервенција. Огуз Ајдин имаше шанса по додавањето на Ромелу Лукаку. Двајцата влегоа во игра кратко пред тоа.
На спротивната страна, Дибала шутираше, но Едерсон беше сигурен. На крајот од натпреварот, пречката, по обидот на Аке, ја спаси Рома од пораз во Турција.
Foto/ EPA
