Фудбалерите на Атлетико Мадрид, во Сан Себастијан, го победија Реал Сосиедад со 3:0, во петтото коло од Ла Лига.
Трите гола Атлетико ги постигна во периодот од 84-та до 94-та минута. Блеснаа ноите играчи Алехандро Грималдо и Џонатан Давид.
Диего Симеоне, на „Аноета“, проба нешто ново, односно се врати во својата стара формација 3-5-2. Ромеро командуваше со одбраната со Ханцко и Пубиљј, додека Симеоне и Грималдо играа како крила. Адемола Лукман повторно го предводеше нападот, бидејќи Хулијан Алварез остана во Мадрид поради болка во мускулите.
Тактичка битка се водеше во текот на целиот натпревар, а победникот го реши несмасната интервенција на Очејанг. Неколку минути по влегувањето на теренот, напаѓачот играше со рака пред својот гол.
Пеналот сигурно го изведе Алекхадро Грималдо. За Шпанскиот репрезентивец ова беше деби гол во дресот на Атлетико. Шест минути подоцна, Грималдо му асистираше на уште еден нов играч во тимот на Чоло Симеоне, Џонатан Дејвид. Канаѓанецот рутински ја заврши акцијата.
За крај Џулијано Симеоне, во 94-та минута истрча сам контра против тројца противници и ги постави конечните 0:3.
Foto/ EPA
