Фудбалерите на Рома и Комо забележаа побед во четвртото коло од Серија А. Рома победи во Торино со 2:0, а Комо славеше над Парма со 2.1.
Рома ја започна сезоната совршено и моментално е на 4/4.
Тимот од Рим поведе во првото полувреме, а победата ја обезбеди во самиот финиш.
Се играше 40-та минута кога Дониел Мален постигна гол за водство на Рома од 1:0.
Мален имаше повеќе добри шанси во првото полувреме, најдобрата во 23-та минута, кога ја погоди мрежата, но голот беше поништен поради офсајд.
Кога е во прашање Торино, Миле Свилар одбрани три удари.
Николо Писили ја запечати победата на „Волчицата“ во третата минута од судиското надополнување на времето.
Комо ја победи Парма со 2:1. Јакобо Рамон во 23-та минута го постигна првиот гол, а предноста ја зголеми во 83-та минута Бразилецот Каики.
Сепак, Давид Ромеро ја врати надежта на Парма во самиот финиш од натпреварот, но немаше доволно време за нерешено или пресврт.
По оваа победа, Комо е изедначен на второто место со Лацио со 10 бода, но по нив следува Интер кој има девет со натпревар помалку.
Foto/ EPA
