Top Sport

Финалето во Лигата на Европа ќе се игра во Белград

Извршниот комитет на УЕФА, на денешниот состанок одржан во Солун, ги одреди домаќните на финалните мечеви во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, за сезоните 2027/2028 и 2028/2029.

Финалето во Лигата на шампионите че се игра во Минхен во сезоната 2028/29, а наредната во Барселона, на стадионот „Ноу Камп“, додека организацијата на финалето на Лигата на Европа ја добија Букурешт и Белград.

УЕФА остана доследна на политиката за рамномерен развој и поддршка на регионот на таканаречениот Западен Балкан.

Финалниот натпревар од Лигата на Европа во сезоната 2028/29 ќе се игра во романската престолнина Букурешт, а на 23 мај 2029 година, домачин на финалето ќе биде идниот Национален стадион, кој се гради како дел од проектот EКСПО во Сурчин.

Според последните информации, завршувањето на работите на Националниот стадион во Сурчин се очекува на почетокот на 2028 година. Капацитетот на овој објект ќе биде 52.000 седишта.

Торино ќе биде домаќин на финалето на Конференциската лига во 2028 година, додека финалниот меч една година подоцна ќе се игра на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');