Тотенхем нема победа во првите четири кола од Премиер лигата. Клубот не само што нема победа, туку се уште е без постигнат гол.
Бразилецот Ришарлисон беше проектиран за прв напаѓач, но тој не е во плановите на менаџерот Роберто Де Зерби. , ниту постигна гол.
Ришарлисон, одигра само 68 минути против Брентфорд оваа сезона во Премиер лигата.
Во меѓувреме, неговиот трансфер во Евертон пропадна и сето тоа влијаеше тој да биде избришан од плановите на тренерот.
„Ришарлисон нема да игра, дури ни кога ќе може. Дури ни во Карабао (Лига) Купот“, јасен е ставот на Де Зерби, кој имаше подготвен одговор на изјавата дека Тотенхем сè уште не постигнал гол во Премиер лигата и дека Ришарлисон е напаѓач.
„Можеби сте заборавивте, па дозволете ми да ве потсетам. Ришарлисон играше кога загубивме со 3-0 од Брентфорд“.
Потоа сепак објасни дека овој став е последица на јасната желба на Бразилецот да си оди.
„На почетокот на сезоната, разговарав со него, го убедив да остане. Но, тој не го сакаше тоа. Не можам да го молам да остане секој ден“.
По двата почетни порази против Брентфорд со 3:0 и Њукасл со 2:0, Тотенхем играше без голови против Нотингем на гости и дома против Евертон.
Foto/ Depositphotos
