Барселона со неверојатен пресврт успеа да забележи победа на гостувањето кај Рајо Ваљекано. На „Ваљехас“, Барселона, имаше негатива од 2:1 до 87.минута, но со два гола успеа да ги освои трите бода.
Лидерот се мачеше против аутсајдерот од Мадрид, чии играчи беа максимално инспирирани. Рајо одигра одличен меч, иако Барселона од 11.минута водеше со голот на Луис Суарез.
Израмнувањето го донесе Позо во 35.минута, а Барселона ја шокираше Гарсија 20 минути подоцна.
Домашниот тим доминираше и во наредните 15 минути, а потоа Барселона тргна во целосна офанзива. Таквата определба на лидерот му донесе два гола во самиот финиш. Дембеле погоди во 87., а точка на мечот стави Суарез со својот втор гол во последната минута.