Тотенхем славеше кај Вулверхемптон 3:2, во последниот меч од саботната програма во Премиер лигата.
Спарси одиграа доминантно во првите 30 минути, кога со головите на Ерик Ламела и Лука Моура дојдоа до предност од два гола. Во вториот дел Хари Кејн го постигна третиот гол во 62.минута.
Наместо рутинска победа Спарси влегоа во проблеми направија два пенали со кои го вратија домаќинот во натпреварот. Рубен Невеш го реализираше првиот пенал во 68., а Хименес вториот во 79.минута.
Сепак до крајот на мечот Вулверхемптон не успеа да создаде сериозна шанса за гол.
Тотенхем со осмата победа дојде до 24 бод сезонава и остана при врвот на табелата, додека Вулверхемптон остана на 15 бода и по третиот пораз во низа се наоѓа на 11.место.