Top Sport

Лејкерси конечно славеа над Портланд, Индијана со тројка го шокираше Бостон

Тимот на ЛА Лејкерс вкупно 16 меча по ред губеше од Портланд, но ноќеска конечно го победи со 114:110. Леброн Џејмс го предводеше тимот со 28 поени, надополнето со седум асистенции и пет скока.

Селтикси со тројката на Олипо на 4.7 секунди пред крајот загубија од Индијана со 102:101. Херојот Олипо го заврши мечот со 24 поени, 12 скока и три асистенции, а Бојан Богдановиќ придонесе со 16 поени.

Шарлот дома високо го порази Кливленд 126:94, а Хјустон славеше на гости кај Чикаго со високи 20 разлика, 93:73.

Еве ги сите ноќешни резултати: Шарлот – Кливленд 126:94, Индијана – Бостон 102:101, Атланта – Мајами 123:118, Чикаго – Хјустон 88:96, Сан Антонио – Њу Орлеанс 109:95, Денвер – Јута 103:88, Портланд – ЛА Лејкерс 110:114.

Scroll to Top