Top Sport

Мициќ заработува нестварна сума во Хапоел, зад него се тројца од Панатинаикос

Специјализраниот кошаркарски портал „Eurohoops“, ги објави платите на играчите во Евролигата.

На чело на листата е Василије Мициќ од Хапоел Тел Авив. Србинот, на годишно ниво заработува неверојатни 5,6 милиони долари. Покрај платата, кога минатата сезона го потпиша договорот, Мициќ доби и акции во клубот.

На листата потоа следуваат тројца играчи на Панатинаикос. Кендрик Нан има 5,3 милиони долари годишно, трет е Гершон Јабуселе со 5 милиони долари, а четврти е Најџел Хејс-Дејвис за кого ПАО издвојува 4,5 милиони долари по сезона.

На петтата позиција е Саша Везенков од Олимпијакос со 4,2 милиони долари, а потоа на листата е уште еден играч на Панатинаикос, францускиот репрезентативец Силвен Франциско кој заработува 4 милиони долари годишно.

Седми е Елајџа Брајант. Соиграчот на Мициќ во Хапоел добива 3,6 милиони долари по сезона, а осми е Џанан Муса од Дубаи, кој е платен 3,5 милиони долари годишно.

Со 3,2 милиони долари годишно, позицијата ја делат Никола Милутинов и Еван Фурние од Олимпијакос, Матијас Лесор од Панатинаикос и Томас Волкап од Дубаи.

Шејн Ларкин испадна од Топ 10 бидејќи заработува околу 3 милиони долари годишно во Фенербахче, а истото важи и за Мајк Џејмс, кој од Монако се пресели во Ефес.

Истата сума ја заработува и Жан Монтеро во Олимпијакос.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');