Top Sport

ФА го казни Фоден за црвениот картон

Фудбалската асоцијација на Англија му изрече драстична казна на Фил Фоден за неспортски потег во дербито на Манчестер.

Фоден е суспендиран на три натпревари. Ова значи дека англискиот фудбалер ќе ги пропушти натпреварите на Сити против Норич во Лига купот, Сандерленд во Премиер лигата, како и големото дерби против Ливерпул.

Фоден го удри Бруно Фернандес со двете нозе во почетниот дел од натпреварот, додека лежеше на тревата.

Поради тој потег, тој доби црвен картон, но дури и со еден играч помалку, Сити победи на „Олд Трафорд“ со контраверзниот гол а Ерлинг Халанд.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');