Бенфика брилијантно ја отвори новата сезона во Лигата на Европа, откако го победи Милан со 2:0 во дербито од првото коло на „Сан Сиро“ во Милано.
Португалскиот гигант ги искористи своите можности, постигнува гол во двете полувремиња и им нанесе болен пораз на Италијанците пред неговите навивачи.
Бенфика поведе во 16-та минута, по одличен индивидуален потег на Доди Лукебакио. Белгиецот ја прими топката од левата страна, директно го напдна Давиде Бартесаги, се насмести на својата посилна лева нога и со прецизен удар од работ на шеснаесетникот ја погоди подалечната статива.
По примениот гол, Милан се обиде да ја преземе иницијативата, но домаќините не успеаја да најдат доволно простор пред добро организираната одбрана на гостите.
Росонерите ја имаа повеќе топка во своите нозе во одредени периоди, но Бенфика изгледаше поконкретно кога одеше кон голот на противникот.
Само што започна второто полувреме, Португалците му зададоа нов удар на Милан. Се играше 53-та минута кога Јакуб Камински го зголеми резултатот на 2:0.
Бенфика изведе брза акција, одбраната на Милан доцнеше во реакцијата, а полскиот репрезентативец ја испрати топката во мрежата со силен удар од непосредна близина.
Резултати од првиот ден од првото коло на Лигата на Европа:
Арарат-Ерменија – Спарта Прага 1:4
Омонија – Селта 1:0
Милан – Бенфика 0:2
Баер Леверкузен – Целје 2:0
Хапоел Бер Шева – Динамо 0:0
Олимпијакос – Јагелонија 2:1
Андерлехт – Лион 1:2
Штурм – Рен 0:0
Сандерленд – АЗ Алкмар 1:0
Foto/ EPA
