Top Sport

Кејн: Од луѓето што гласаат зависи кој ќе ја добир „Златната топка“

Хари Кејн, напаѓачот на Баерн и на англиската репрезентација, во интервју за „Марка“, меѓу другото говореше и за трката, за најпрестижната индивидуална награда „Златна топка“.

Кејн е скромен, за разлика од Ламин Јамал и Килијан Мбапе, тој не вели дека „е најдобар“ и „дека ја заслужил наградата“.

Капитенот на Англија останува воздржан, посочува дека бројките треба да зборуваат, а не тој.

Токму затоа неговите бројки привлекуваат толку големо внимание во трката за „Златната топка“. Со 73 гола во 65 натпревари, Кејн ја имаше втората најдобра сезона во историјата на голови, зад Лионел Меси.

„Никогаш не сум сакал премногу да зборувам за себе. Можам само да кажам дека минатата сезона беше неверојатна, идивидуално и тимски. Беше убедливо најдобрата сезона во мојот живот. Вистината е дека 73 гола, втората највисока бројка во историјата, зборува сама за себе. Исклучително сум горд на тоа и можам само да им се заблагодарам на моите соиграчи и на сите што ми помогнаа да ја постигнам. Но, „Златната топка“ не е во мои раце. Зависи од луѓето што гласаат.“

Кејн минатата сезона со Баерн ја освои дуплата круна, а со Англија бронзата на Светското првенство.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');