Во дербито на 5-то коло од серијата А, Рома и Интер одиграа возбудливи 2:2 пред преполните трибини на Олимпико.
Римјаните, водеа со 2:0, а преку Мален пропуштија одлична можност при резултат 2:1.
Казната дојде од секогаш присутниот Лаутаро Мартинез, двоен стрелец за гостите.
Нероаѕурите ги постигнаа двата гола во второто полувреме, Рома ги постигна двата во првото полувреме, кога Ману Коне ја заработи титулата херој на домашниот тим со два гола.
Францускиот репрезентативец ја круниса многу подобрата игра на тимот на Гасперини во првото полувреме. Во обете ситуации, тој се снајде пред голот на Хозеп Мартинез, а потоа Рома, со ветувачки 2:0, замина на одмор и беше на прагот на голема победа,
Но, Олимпико замолкна во продолжението.
Веќе на почетокот на второто полувреме, Мартинез, со малку среќа, го принуди Свилар да капитулира само втор пат оваа сезона, а подоцна, во услови на уште посилен притисок од гостите, и по трет пат во сезоната, за нерешен резултат и бод на актуелниот шампион на „жешкото“ гостување кај лидерот.
Помеѓу головите на Аргентинецот, Рома имаше одлична шанса да ги нокаутира гостите.
Веќе споменавме дека Дониел Мулен беше во центарот на вниманието во таа ситуација, мајсторски се избори за удар од неколку метри од голот – и го погоди голманот на гостите во главата, кој беше на гол-линијата.
На крајот, Рома имаше и среќа бидејќи „нероазурите“ жестоко напаѓаадо самиот крај и имаа голема шанса за победа, но ударот на Турам заврши крај голот.
Римјаните остануваат на врвот на Серија А, Интер ги следи.
Foto/ EPA
