Шведскиот напаѓач Виктор Ѓекерес е незадоволен од својот статус во Арсенал и размислува за заминување во јануарскиот преоден рок. Ѓекерес не добива шанса кај тренерот Микел Артета, кој по освојувањето на титулата шампион на Англија почна да спроведува значајни промени во тимот.
Поради овие промени, до неодамна, неколку клучни играчи го загубија својот статус, а меѓу нив е и шведскиот репрезентативец. Милан веќе воспоставил контакт, пишува „Goal.com“.
Статусот на Ѓекерес во тимот се влоши и затоа што Арсенал го помина целото лето барајќи напаѓач со профил посличен на Каи Хаверц. Артета сега го смета само за трет избор во нападот. Од почетокот на сезоната, шведскиот фудбалер одигра вкупно 207 минути во пет настапи.
Единствениот пат кога беше во почетниот состав беше во Лига купот. Во Премиер лигата, ситуацијата е уште полоша: од пет натпревари, три помина на клупата, а во преостанатите два доби помалку од 17 минути.
Поради незадоволство од минути што ги добива, менаџерите на Ѓекерес почнаа да бараат нов клуб. Англиските медиуми, пред сè „TeamTalk“, наведуваат дека најголем интерес покажал Милан.
Foto/ EPA
