Top Sport

Рејндерс и милионите во Саудиска Арабија: Можеме да глумиме моралисти, но јас ја одбрав финансиската стабилност

Тижани Рејндерс направи еден од најзвучните трансфери минатото лето кога пристигна во Ал Кадисија (Саудиска Арабија) од Манчестер Сити.

Холанѓанецот сега отворено зборува за парите, причините за заминување и критиките што следеа по неговиот трансфер.

Како што вели, дека во финишот на сезоната му станало јасно дека неговата приказна во Манчестер Сити се ближи кон крајот.

Клубот ги донесе Елиот Андерсон, Ајуб Боади и Енцо Фернандез во средниот ред, а за да финансира нови трансфери, одлучи да продаде неколку играчи.

Холандскиот репрезентативец беше меѓу нив.

Рејндерс разговараше и со Атлетико Мадрид, но двата клуба не успеаја да се договорат за обештетувањето.

Челниците на Ал Кадисија, од друга страна, биле подготвена да ги исполни барањата на англискиот клуб.

На крајот, саудискиот клуб издвои околу 60 милиони евра за трансферот на холандскиот играч од средниот ред.

Рејндерс потврди дека Ал Кадисија била единствениот клуб, што сакал да ја плати сумата за обесштетување што ја побарале од Манчестер Сити.

Холанѓанецот не крие дека преговарал и со други клубови.

„Имаше и други опции, но тие не се материјализираа или преговорите запреа поради побараната отштета“, објасни Рајндерс.

Потоа, како што вели, почнал сериозно да размислува за својата иднина.

„На крајот почнав да размислувам: дали сакам да останам уште една сезона во Манчестер Сити и да не бидам целосно среќен, или сакам да започнам нова авантура? Потоа разговарав со Ал Кадисија и тренерот. По тој разговор бев многу возбуден“, рече тој.

Едно од најчесто поставуваните прашања по неговото заминување беше дали Рајндерс едноставно ги одбрал парите.

„Не, но не можете ни тоа да го негирате“, рече играчот од средниот ред.

Потоа Холанѓанецот објасни колку му е важен финансискиот аспект.

„Платата што се нуди таму… нека се обиде кој било играч или која било личност да ја одбие. Сите можеме да се преправаме дека сме многу принципиелни и да кажеме: „Не би го направил тоа“, но мислам дека повеќето луѓе би рекле „да“, рече Рајндерс.

Според некои извештаи, тој треба да заработи дури 100 милиони евра за пет години во Саудиска Арабија.

Зборувајќи за огромната заработка, тој беше подеднакво директен.

„Парите дефинитивно играат улога во тоа. Кога ќе заврши мојата фудбалска кариера, повеќе не сакам да работам“, рече Рајндерс.

Тој додаде дека финансиската сигурност му овозможува да размислува за идните генерации на неговото семејство.

„Не морав да работам откако го напуштив Манчестер Сити, но сега можам да им помогнам на идните генерации на моето семејство.“

За него, вели тој, финансиската безбедноста беше клучна.

„Нема да лажам за тоа. Ако моите внуци можат да живеат од ова, зошто да не?“

На крајот, тој им одговори на оние кои мислат дека одењето во Саудиска Арабија може да има негативно влијание врз неговата фудбалска кариера.

„Мислам дека многу луѓе веруваат дека кариерата на еден фудбалер завршува кога тој оди во Саудиска Арабија, но тоа не е вистина.“

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');