Top Sport

Хаџар доби нов договор

Исак Хаџар ќе се врати претстојниот викенд во Баку на Големата награда на Азербејџан по повредата на зглобот.

Тој беше заменет од Лиам Лосон во три трки. Пред неколку дена, Ред Бул објави дека Хаџар се враќа, а во среда наутро беше донесена друга одлука, тој да му биде партнер на Макс Ферстапен, до 2027 година.

Патем, тој го замени Јуки Цунода оваа сезона во автомобилот на Ред Бул, а претходно беше во Рејсинг Булс и успеа да ја круниса својата прва сезона во Формула 1 со подиум во Холандија во 2025 година.

Хаџар постојано освојува бодови оваа сезона, а стигна и до подиумот во Монте Карло.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');