Top Sport

ЛШ: Шампионот Монпелје не може ниту против Кристијанштад

На вчерашните ракометни средби од Лигата на шампионите доминираа очекувани резултати.
Вардар победи со Мешков, Нант на Лазаров го совлада Загреб на Червар, Рајн Некар со нашиот Талески славеше во Унгарија кај Веспрем на Манасков.

Единствен кој се уште не ја остварил првата победа во 6. коло е шампионот, Монпелје. Актуелниот ракометен првак и понатаму не може да ја пронајде играта со која минатата сезона стигна до тронот.

Монпелје во Шведска освои само бод против Кристијанштад, па кризата останува и понатаму.
Од поинтересните дуели одиграни вчера

ВАРДАР – МЕШКОВ БРЕСТ 30:23
ВЕСПРЕМ – РАЈН НЕКАР 28:29
КРИСТИЈАНШТАД – МОНПЕЛЈЕ 29:29
НАНТ – ППД ЗАГРЕБ 23:20

Scroll to Top