Македонски напаѓач, Доријан Бабунски (22) постигна убав гол за својот тим Мачида во победата од 2-1 против Ависпа Фукуока, во јапонската втора лига.
Бабунски во игра влезе во 73. минута, а во 80. Минути го постигна победничкиот погодок за својот тим.
На три кола пред крајот на шампионатот, Мачида е на третата позиција, а нашиот фудбалер досега има постигнато три погодоци.