Top Sport

Кеи Нишикори го одигра последниот меч

Кеи Нишикори ја заврши кариерата со пораз од Франсис Тиафо (6:4, 6:4) во првото коло на турнирот во Токио.

Поранешниот четврти тенисер во светот се збогува со професионалниот тенис пред својата домашна публика, три месеци пред 37-от роденден.

Јапонецот го опиша својот последен настап како „многу емотивен“ и „малку тажен“, но во исто време беше возбуден поради можноста уште еднаш да игра пред своите фанови.

Нишикори ја објави својата одлука да се пензионира во април, а неговите зборови во тоа време најдобро илустрираат колку му било тешко да го напушти теренот.

„Љубовта кон тенисот и вербата дека можам да станам подобар играч секогаш ме враќаа на теренот. Искрено, сè уште би сакал да ја продолжам кариерата. Сепак, кога ќе се осврнам на сè што е зад мене, можам гордо да кажам дека дадов се од себе. Навистина сум среќен што го следев овој пат“, напиша Нишикори.

Тој ја завршува својата кариера со 12 АТП титули, финалето на Отвореното првенство на САД, четири финалиња на мастерс турнирите и четири учества на завршниот турнир во сезоната. Со четвртото место на АТП листата, тој стана најдобро рангираниот азиски тенисер во историјата.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');