Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе загрижен за состојбата на гледачот кој беше погоден од топчето отколку за самиот резултат.
Инцидентот се случи кога Ѓоковиќ водеше со 7:5, 5:3 и сервираше за пласман во финалето, а резултатот во гемот беше 15-15. По еден волеј од Новак, Медведев не успеа да реагира, топчето се врати кај него, кој ја лансира кон кон трибините, по што удри еден гледач во лицето.
Daniil Medvedev was defaulted after hitting a fan in the face with a tennis ball pic.twitter.com/dMHODzxbkc
— Barstool Tennis (@StoolTennis) October 5, 2026
Русинот беше дисквалификуван недолго потоа, но во микс зоната, на новинарите веднаш им нагласи дека сè било сосема случајно.
„Најпрвин да кажам, многу ми е жал за гледачот. Се обидувам да стапам во контакт со него, ако тој го сака тоа. Се надевам дека ќе можам лично да му се извинам и да видам како е“, рече Медведев.

Медведев негираше каква било намера да ја удри топката од лутина.
„Да, тоа беше 100 отсто беше несреќен случај. Може да се види дека не ја удрив топката од лутина. Правам многу лоши работи, но генерално злоупотребувањето на топчињата не е баш моја работа.“
Тој исто така објасни што се обидува да направи.
„Топката се враќаше кон мене и јас само се обидов да ја удрим некаде за да не излезе надвор од границите.“
Кога виде дека го погоди гледачот, ситуацијата целосно го погоди.
„Кога видов што се случи, се чувствував ужасно, бидејќи не мислам дека некогаш сум бил блиску до ваква ситуација.“
Медведев неколку пати повтори дека најважно за него во моментов е здравјето на лицето кое беше погодено од топката.
„Најважно е што се надевам дека е добро, бидејќи никогаш не знаете што може да се случи во вакви ситуации.“
Тој додаде дека потегот не е резултат на фрустрација поради пропуштените можности за време на натпреварот.
„Можеше да се види дека немаше лутина во тој момент. Не беше некоја посебна фрустрација. Дури и не удрив силно. Да, го погоди и навистина ми е жал за тоа. Само се надевам дека е добро.“
Foto/ EPA
