Top Sport

За двајца нема место во визијата на Мурињо, ќе го напуштат Реал во зимскиот преоден рок

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, известил двајца фудбалери дека за нив нема место во клубот. Овие двајца во јануари ќе го напуштат клубот. Станува збор за резервниот голман Андриј Луњин и стоперот Раул Асенсио.

Веќе од предсезоната беше јасно дека овие двајца нема да бидат опција ниту од клупата, бидејќи Тибо Куртоа е незаменлив на голот, додека со доаѓањето на Ибрахима Конате и со закрепнувањето на Едер Милитао, јасно е дека ниту Раул Асенсио нема да има минутажа.

Мурињо сакаше да се ослободи од нив ова лето, но голманот и стоперот одбија да си заминат, бидејќи не добија соодветни понуди. Нивните менаџери работат напорно на потенцијални трансфери.

Лунин е ценет во Шпанија и сигурно едека нема да иам проблем да најде нов клуб. Асенсио имаше и проблеми со законот, возел под дејство на алкохол, и тоа не беше прв пат да се најде во проблеми, а многумина веруваат дека ќе му биде тешко да добие понуда од поголем клуб.

Лунин пристигна во Реал во 2018 година, но најпрвин беше на заем во Леганес, Ваљадолид и Овиедо, а од 2020 година е сигурна резерва. Имаше брилијантна сезона во 2023/24 кога го замени повредениот Куртоа, го водеше Реал до финалето на Лигата на шампионите, но на крајот не бранеше во него.

Што се однесува до Асенсио, тој е дете на Реал, неочекувано доби шанса од Карло Анчелоти поради бројните повреди, а одигра 80 натпревари за првиот тим. Беше поврзуван со Галатасарај ова лето, но трансферот не се случи. Сега и тој е повреден, се очекува да се врати на крајот од годината, па затоа ќе му биде многу потешко да најде клуб во јануарскиот преоден рок.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');