Фудбалската репрезентација на Македонија цели 787 минути е без постигнат гол. Во мандаторт на Гоце Седлоски навионалниот тим нема постигнато гол на осум натпревари, односно 720 минути.
Македонија нема победа на последните 12 натпревари. Синоќа во Луцерн, Швајцарија ја победи Македонија со 3:0. Најквалитетната селекција во групата ги искористи трите катастрофални грешки на нашите фудбалери и постигна три гола.
„Одигравме перфектно во првото полувреме до првиот примен гол. За жал, Швајцарија профитираше од нашите индивидуални грешки. Селекции како Швајцарија не простуваат на ова ниво, ги казнуваат ваквите грешки, а ние направивме три вечерва. Во овој циклус им дадов шанса на сите играчи во нападот, но не успеавме да дадеме гол, ни недостасуваше само тој гол. Бев борец како играч, борец сум и сега. Не се откажувам и нема да се предадам. Се наоѓаме во тешка ситуација, но нема да се предадам“, изјави селекторот на Македонија, Гоце Седлоски по поразот во Луцерн.
Foto/ ffm.mk
