Ракометарите на ПСЖ кои ги „командува“ македонскиот селектор Раул Гонзалес вечерва славеа над унгарски ПИК Сегед и сега тие се единствената екипа во Лигата на шампионите која има 6 победи на 6 натпревари. Конечниот резултат гласеше 33-31.
Гол за гол се играше се до 7-7, по што ПСЖ додаде гас и стигна до 11-7. Реагираа гостите, се вратија во игра и намалија само на 15-14 на полувремето.
ПИК Сегед во второто полувреме дури и поведоа со 19-20. Тогаш исфорсираа Сагосен и Генсхајмер, па ПСЖ во финишот ја обезбеди победата за конечни 33-31.
Најпрецизен кај домашните беше Сагосен со 7 и Генсхајмер со 5 голови, а каај гостите од Унгарија се истакнаа Бодо и Шоштариќ со по 4 гола.