Top Sport

Малку му се 50 милиони долари годишна плата

Карл-Ентони Таунс и Њујорк Никс се уште се далеку од договор за продолжување на соработката, иако клубот наводно доставил понуда вредна 200 милиони долари во текот на четири години.

Според Крис Хејнс, Таунс има право на максимален четиригодишен договор вреден дури 276 милиони долари, но е подготвен да прифати помалку за да остане во Њујорк.

Сепак, моменталната понуда на Никс не е ни блиску до она што го очекува неговиот табор.

„Карл-Ентони Таунс е подготвен да прифати помалку од максималниот износ, но тие не се ни блиску до договор во моментов“, рече Хејнс.

Таунс наводно верува дека веќе направил доволно отстапки за доброто на тимот и се надева дека прашањето за нов договор ќе биде брзо решено.

Сепак, засега преговорите не напредуваат со посакуваната брзина.

Според Хејнс, во овој момент се чини дека е сè поверојатно Таунс да влезе во новата сезона во НБА без потпишано продолжување на договорот со Никс.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');